Deadpan Exchange V in Skopje, October 2010

Press Release:

Deadpan Exchange V: Skopje
Organized by Heidi Hove (DK) and Jonn Herschend (US)

Cultural Center CK, Bul. Ilinden 38 1000 Skopje, Macedonia

Featuring the work of Elcin Ekinci (TR), Esra Okyay (TR), Fatma Ciftci (TR), Mehmet Dere (TR), Nejat Sati (TR), Nur Muskara (TR) & Suat Ogut (TR).

Coordinated by Gokce Suvari (TR)

Opening: Friday October 15, 2010 at 8:30 pm
Presentation of the Deadpan Exchange series: Saturday October 16, 2010 at 8:30 pm
Exhibition is open from October 16 – 29, 2010
Monday – Friday, 11 am – 7 pm

Excerpts from the Macedonian press release:

Изложбата со делата на седум уметници, кои живеат и работат во Турција, е петти дел од серијaлот на интернационална „Безизразна размена“ која започна во Данска и Берлин летото 2007. Во секоја од изложбите уметниците се активно вклучени во безизразната комуникација на давање и земање… како некој вид на размена во класичната комедија. Делата кои ќе бидат изложени во Културниот Центар ЦК од страна на седумте турски уметници, се реакција на делата на седум уметници од САД кои изложуваа во Измир во К2 Центарот за современа уметност во април 2009 на „Безизразна размена III“.

Безизразноста е форма на смешно пренесување во кое се претставува хуморот без притоа да се промени изразот на лицето и пришто најчесто се зборува на монотон начин. Гледачот е тој кој го носи товарот на интерпретацијата. Дали сцената е смешна или трагична?

Од уметничко-историска гледна точка безизразната стратегија ја користат многу уметници низ светот во раните 70ти: Јоко Оно, Марта Рослер, Бас Јан Адер, Вито Акончи, Гордон Мата Кларк, Лиџиа Кларк и др. Нивните дела беа формално одбивање на институциите и на светот на “модерната уметност” и се застапуваа за подемократска интеракција со делата. Во многу случаи делото кое било на работ на апсурдното и трагичното било претставено со целосно здрвено лице, наведувајќи го гледачот самиот да одлучи какво е тоа дело.

Серијалот на безизразни размени ја истражува оваа појава во глобални рамки. Што ако започнете шега во една земја и на неа ви одговорат во друга? Дали постои интернационален јазик на размена? Дали размената е универзална? Од политичка гледна точка, организаторите ги загрижува начинот на кој светот станува сè повеќе црно-бел, без простор за нешто сиво и збркано. Важно е да се нудат дела кои активно го предизвикуваат гледачот да ги интерпретира. Организаторите се заинтересирани да спојат различна група на уметници од различни места низ светот и да започнат дијалог кој можеби не би почнал надвор од формалните институции.

На крајот на „Безизразна размена V“, седум македонски уметници ќе создаваат дела како реакција на делата на седуммината турски уметници, и истите ќе бидат изложени во друга земја (која наскоро ќе биде дефинирана). Ќе има уште една размена и потоа крајна изложба во Копенхаген со делата на сите уметници во 2012 година.

For more information please visit: www.cdathouse.org.mk

DEADPAN EXCHANGE V has been supported by The Danish Arts Council

Comments are closed.